| четврток, 6 декември 2018 |

Големиот Златан Ибрахимовиќ

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ го направи најхуманиот потег, го платил патувањето на шведската фудбалска репрзентација на Светкото првенство за лица со пречки во развојот.

Швеѓаните без проблем изборија место на Мундијалот, но екипата не можеше да си допушти патување за Бразил.

Голем број на играчи беа контактираи во надеж дека ќе ги подарат своите дресови и копачки, кои би се продале на аукција за да се соберат потребните пари. Меѓу нив бил и Ибрахимовиќ, но тој како и обично, се одлучил за поинаков пристап кон работите.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен решил да не го даде својот дрес, туку сам да ги донира потребните пари и да му помогне на тимот од својата држава да ги исполни соништата.

– Разговарав со Златан и го запрашав дали би можел да ни го пдоари својот дрес, а тој одговори „Што ќе ви е мојот дрес? Колку уште пари во недостигаат “? Кога му реков дека ни се потребни околу 38.000 евра, тој само ја побара сметката и ги уплати парите. Тоа е неворајно и фантастично. Сеуште морам да се штипнам за да поверувам дека ова е вистина. Му благодарам на Златан, поради него за сите нас кои сме во тимот ќе биде исполнет сонот“, рече помошникот тренер на шведската репрезентација Стефан Јонсон.

Сумата од 38.000 евра е мала во споредба на тоа што го заработува Ибрахимовиќ, но претставува гест за восхит кај шведските навивачи. Популарниот фудаблер вели дека не му требало многу да се одлучи да им помогне на своите сонародници.

– Фудбал треба да играат сите, без разлика на полот, инвалидитетот или нешто слично. Кога ние го пропуштивме Светското првенство, бев многу разочаран, но сега слушнав за „непознат тим“ и си реков дека сакам да сторам се што е во моја моќ за да го доживеат Мундијалот. Не размислував – рече Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top