Фудбалскиот клуб Барселона се договори со Арсенал за трансфер на белгискиот фудбалер Томас Вермален за 19 милиони евра.
Како што тврдат шпанските и британските медиуми, Арсенал ја прифатил понудата на Барселона од 19 милиони евра, а ја одбил истата сума на пари понудена од Манчестер Јунајтед.
Белгиецот е шестото засилување на Барселона во овој преоден рок, претходно во Каталонија дојдоа Тер Штеген, Клаудио Браво, Жереми, Иван Ракитиќ и Луис Суарез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


