| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам како пилот на хеликоптер во амбулантна служба

princ vilijam pilot

Британскиот престолонаследник Вилијам ќе управува со хеликоптер во служба на брзата помош. Неговата задача ќе биде да одговара на итни повици од секаков карактер, од сообраќајни несреќи до срцеви проблеми. Ако ги мине сите потребни тестови, војводата од Кембриџ се очекува следната година да започне со полно работно време да ги извршува задачите во Источно англиската воздушна амбуланта, добротворна организација која обезбедува итна хеликоптерска помош низ источна Англија.

Во септември минатата година, принцот кој е втор во линијата на наследниците на тронот, ја заврши тригодишната обука како пилот на хеликоптер во военото воздухопловство. „Во тој период тој учествуваше во повеќе од 150 спасувачки и трагачки операции“, соопшти неговиот портпарол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top