| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: Премиерот да размисли за иднината на два милиона луѓе

СДСМ го поздравува интересот што меѓународниот фактор го покажува за настаните во Македонија и смета дека тоа е добро за земјата

zoran-jovanovski
Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната посета на еврокомесарот Шефан Филе, рече дека лидерот на партијата Бранко Црвенковски ќе има средба со Филе, а за сео она што ќе произлезе од сите средби очекуваат канцеларијата на Европската комисија да ја извести јавноста.

Тој повтори дека, доколку не дојде до политички договор за излез од кризата, СДСМ и „Сојузот за иднината“ јасно го искажале својот став дека ќе одат на активен бојкот на локалните избори.

За предлогот од власта рече дека тоа е апсолутно несериозно и истакна дека нивната политичка подготвеност за дијалог ја искажале многу одамна и преку нивните позиции за нивните барања.  Тој смета дека сега е крајниот момент за премиерот  да размисли и, во интерес на два милиона луѓе и нивната иднина, да донесе одлука која ќе биде во интерес на граѓаните и практично, со еден збор, да надвладее разумот во оваа ситуација.

Опозицијата денеска протестираше пред Министерството за финансии. Јовановски истакна дека сето она што се случи на 24 декември се случи за пари и побара да се престане со задолжување и со непродуктивно трошење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top