| четврток, 6 декември 2018 |

Зел капар за автомобил и исчезнал

Opel Vectra

Жител на село Канатларци измамил помлад прилепчанец земајќи му капар за половен автомобил, но возилото никогаш не го испорачал.

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава зав Т.Т. (55) од село Канатларци за кривично дело измама.

Во текот на февруари 2012 година, откако пријавениот дознал дека С.С. (34) од Прилеп сака да купи возило, му понудил да заминат во Ново Село, каде што од негов пријател купил автомобил „опел вектра“, за што С.С. му дал капар од 10.000 денари, а остатокот требало да го доплати кога возилото ќе биде префрлено на негово име. Потоа се договориле возилото да го подигне за една недела, а откако поминал договорениот рок, пријавениот го одбегнувал С.С., возилото не сакал да го зема, а случајот го пријавил во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top