| четврток, 6 декември 2018 |

Мирко наместо тегови, сега ќе крева бебе!

мирко

Бодибилдерот и фитнес инструктор Мирко Петровски наскоро ќе стане татко, објави „Вечер“. Неговата сопруга Светлана, која исто така се занимава со бодибилдинг, треба да се породи идниот месец. На двојката, која се венча пред три години, ова ќе ѝ биде прво дете.

И додека се во исчекување на приновата, тие деновиве максимално уживаат во летото и топлите денови кои ги минуваат во родниот град на Светле, Охрид, каде што се дружат со пријателите меѓу кои има голем број познати домашни личности за чии тела се грижи оваа згодна двојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top