Поранешниот НБА-кошаркар на Милвоки, Сиетл, Бостон, Њујорк, Хјустон и на Лос Анџелес клиперс, Вин Бејкер сплиска огромна сума пари, околу 100 милиони долари, и сега за да преживее го продава златниот олимписки медал од игрите во Сиднеј во 2000 година.
Бејкер беше еден од најголемите таленти во класата на кошаркари што учествуваа на НБА-драфтот во 1993 година. Како осми избор замина во Милвоки и за 13 сезони стана препознатлив лик во најсилната кошаркарска лига. Со настапите во НБА заработи 97 милиони долари, а беше член на селекцијата на САД што го освои златниот медал на ЛОИ во Сиднај, Австралија во 2000 година.
Токму златниот медал од тие игри сега е на продажба на аукција, а почетната цена е 35.000 долари. Бејкер го продава златото за да преживее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


