
Со потпишување Меморандум за соработка, денеска се официјализира соработката меѓу Царинската управа и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Меморандумот што го потпишаа директорот на Царината Наташа Радеска Крстевска, и претседателот на ССК Данела Арсовска, е пред се во насока на организирање обуки за бизнис заедницата и согледување на потребата и темите за нивна реализација.
– Од септември годинава, Царинската управа и ССК партнерски ќе работат на спроведување анализи и обуки за потребите на претставниците на бизнис заедницата и на други целни групи за нивно континуирано стручно усовршување, како и на подготовка на програми во кои ќе се определуваат теми, опфат на соработка и организациони прашања. Исто така, предвидена е донација на стручна литература од областа на царинското и акцизното право, ангажирање меѓународни предавачи и експерти, како и овозможување учество при студиски посети и конференции во земјата и странство – соопшти Царинската управа.
Партнерството меѓу Царинската управа и деловната заедница се остварува и преку работата на Советодавното тело, формирано во јануари 2009 година, во кое активно членува Сојузот на стопански комори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Глобите за царински прекршоци се намалуваат за 75 отсто
-
При влез во Македонија можеш да внесеш стоки до 350 евра, литар алкохол, 200 цигари и еден парфем
-
Запленети 1,5 милиони евра во автомобил во Драч
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци


