| четврток, 6 декември 2018 |

Лилиќ: Добив многу понуди, очекувам да се реализираат годинава

lilic pres
По „Измена“ (Предавство) се вратив во театарот и продолжив да работам како и пред тоа. Некои работи се помрднаа од место по филмскиот фестивал во Венеција. Добив некои понуди и мислам дека некои од нив ќе се реализираат во текот на оваа година. И пак ќе кажам дека се работи за среќа. Треба да се најдете на право место во право време и да ја искористите шансата. Ако тоа се случи, се случи – изјави македонскиот актер и директор на МНТ, Дејан Лилиќ на денешната пресконференција во Белград, каде синоќа премиерно се прикажа рускиот филм во кој тој ја има главната машка улога.

Српските новинари се распрашувале за ангажманот на македонскиот актер во нивната земја. Лилиќ се уште нема конкретен ангажман во соседна Србија.

-Од Србија не сум добил понуди се уште, ниту за театар, ниту за филм, иако неколкупати сум играл во театрите во Белград и Србија. Сум имал над десетина театарски претстави, но театарот е далеку помал медиум од филмот – додава Лилиќ. 

Од Филмскиот фестивал во Венеција

Од Филмскиот фестивал во Венеција

Тој е гостин на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ, заедно со неговата партнерка од филмот, германската актерка Франческа Петри. На синоќешната премиера на филмот, зад кој, како режисер се појавува Русинот Кирил Серебреников, актерите се поздравени со овации и громогласен аплауз. Франческа, која во филмот глуми жена која е соочена со неверството на нејзиниот сопруг, изјави дека таа улога поставила високи барања и стандарди во нејзината уметничка кариера. Смета дека ќе треба многу време за да добие улога на така високо ниво и добро сценарио. Таа за оваа улога во Абу Даби доби награда за актерско остварување во фимот „Измена“.

-Помеѓу мене и Дејан, но и нашата соработка со режисерот, постоеше добра хемија и имавме среќа што тоа го работевме заедно – вели актерката.

Lilik-Izmena-6

Лилиќ, пак, вели дека прв пат глуми во еротска сцена, но не било страшно.

-Понекогаш беше забавно и смешно – изјавува тој.

Lilik-Izmena-5

Фимот „Измена“ вечерва се прикажува во српското Кино Фонтана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top