Македонија ќе игра со Хрватска во Загреб на 5 август како последен тест натпревар пред почетокот на квалификациите за настап на Европското првенство во 2015 година.
Популарните „коцкести“ ќе бидат вистински противник пред мечот со Белгија на 10 август, што ќе го означи стартот на квалификацискиот циклус, во кој противници ќе ни бидат и Данска и Белорусија.
Македонија со новиот селектор Александар Џикиќ подмладена ќе влезе во новите квалификации без шест искусни играчи, нјо на двата турнири што ги одигра, во Охрид и во Скопје покажа дека има квалитет за нов, трет по ред настап на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


