| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштено во употреба повеќенаменско спортско игралиште во Триангла

igraliste

Повеќенаменско спортско игралиште, дел од проектот за изградба на „100 повеќенаменски игралишта“ денеска беше пуштено во употреба во ОУ „Наум Наумовски Борче“, во скопската населба Триангла.

Игралиштето чини околу седум милиони денари. Изградено е според сите светски стандарди со димензии 45 х 28 метри и ќе може да се користи за играње мал фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Во употреба го пушти премиерот Никола Груевски.

Во општината Гази Баба, Владата и Агенцијата за млади и спорт веќе ја изградија спортска сала „Методија Андонов Ченто“ и фудбалското игралиште во Трубарево, а во фаза на доизградба е спортската сала во Ченто и тенискиот терен во Железара.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески посочи дека со изградбата на капиталните спортски објекти се потврдува заложбата за градење на општество базирано на знаење и јакнење на духот и физичкото здравје кај младата популација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top