Годинава од Скопје ќе тргнат 27 коњаници. Во Велес ќе им се приклучуваат 10 луѓе од Свети Николе, уште 10 коњаници од Гостивар и пешадија од Охрид. Заитересираните секоја година се пријавуваат на конкурсот за учество, а избраните коњаници од Скопје мора да поминат интензивни тренинзи од по 3 или повеќе часа на ден скоро еден месец за добро да се навикнат со својот коњ и да ги совладаат движењата по различни терени.
– Секоја година има отворен конкурс за пријавување на јавачи, а во зависност од тоа колку луѓе се имаат пријавено и од средствата што ги добиваме од спонзорства, се одбираат колку луѓе ќе јаваат на маршот. Во селекцијата гледаме да има јавачи од цело Скопје. Тренинзите се работат на кејот во Аеродром, во полјаните во Лисиче, како и на ридски терени, а најчесто траат 2-3 часа. Тие се исклучиво за јавање со цел коњаникот да се научи да биде со тој коњ, со којшто треба да го помине патот, да се навикне на него. Досега најмногу јавачи имаше во 2003 година, кога беа вкупно 130 коњаници – 50 од Лисиче, а останатите од другите градови кои се приклучија по пат. Тогаш за јубилејот 100 години Илинден во Крушево имаше огромно славје – велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.