| четврток, 6 декември 2018 |

Во МНТ Иван Поповски ја подготвува „Мајсторот и Маргарита“

По големите успеси што ги имаше со претставата „Идиот“ во Загреб и со „Мртви души“ во Марибор, Иван Поповски започна со работа над еден голем и мошне амбициозен проект во Македонскиот народен театар, пишува порталот „Руска реч“. Станува збор за претставата „Мајсторот и Маргарита“ според истоимениот роман на Михаил Булгаков. По долги години пауза, Поповски се враќа во Македонија како гостувачки режисер, со цел на македонската публика да ѝ понуди нешто ново и да ѝ прикаже еден поинаков пристап од оној кој досега сме го виделе во театрите низ земјава.

Во просториите на Македонскиот народен театар активно продолжуваат пробите за претставата. Се осмислува сценографијата, се скицираат костимите, се воведува нова техника и се бараат алтернативни можности, кои ќе овозможат магијата од романот на Булгаков во целост да биде претставена на сцената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top