Премиерот Никола Груевски коментирајќи ја вчерашната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во врска со нерешениот спор за името и идентитетот помеѓу Македонија и Грција, истакна дека веќе на сите им е јасно дека другата страна од самите почетоци на независноста го оспорува македонскиот идентитет.
Тој вели дека тоа го докажала и последната изјава на премиерот на Грција кој рече дека македонскиот јазик не постои.
– Тоа не би требало за нас да е нешто ново. ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во било какви иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, македонскиот јазик и нација – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.