| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово: 41 лице добија грант од три илјади евра за самовработување

Samovrabotuvanje-Promo

Четириесет и едно невработено лице од Куманово, беа избрани за добивање грант од 3.000 евра во денарска противвредност преку владината мерка за самовработување со неповратни средства. Овие лица, како што информираат од Центарот за вработување, започнаа со регистрација на фирмите во Централниот регистар,а потоа ќе може да ги користат овие средства.

– Овие лица ги поминале сите фази, неопходни за отворање на фирмата, обука на деловно планирање и управување, развој на бизнис-планови, селекција и регистрација на фирмите. Учесниците кои ги задоволија поставените критериуми се стекнаа со право да користат грант во износ од три илјади евра во денарска противвредност за набавка на опрема или материјали согласно нивните потреби и бизнисот со кој се занимаваат, вели Младена Јаќимовска од Центарот за вработување во Куманово.

Невработените за оваа мерка аплицирале во јануари годинава, а најголем број од фирмите се од услужна дејност, но има и од здравствени, административни и земјоделски дејности. Од овие лица само единаесет се жени, останатите 30 се мажи, информираат од Центарот. Најчесто, дури половина од нив имаат завршено средно образование.Екипи од Агенцијата за вработување заедно со УНДП кои се вклучени во овој проект ја мониторираат работата на фирмите, најмалку во првите две години.

За вториот циклус, информираат од Центарот, 28 апликанти подготвуваат бизнис планови кои потоа ќе одат на оценување пред независна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top