Американскиот актер и оскаровец Кристофер Вокен ќе го толкува ликот на Капетан Кука, во новата, филмска верзија на „Петар Пан“.
Филмот „Петар пан“ ќе се работи во продукција на американската телевизиска мрежа „Ен-би-си“ и е мјузикл и на Вокен како поранешен танчер, ќе му одговара совршено.
Познатиот актер кој освои „Оскар“ за најдобра споредна улога во филмот „Ловци на елени“, ја почна кариерата настапувајќи во мјузикли.
Новиот „Петар Пан“ ќе биде адаптација на бродвејксата продукција од 1955 година која ја виделе повеќе од 65 милиони гледачи. Уште не се знае кој ќе го толкува ликот на Петар Пан, момчето кое никогаш нема да порасне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура