Бомба експлодира рано утринава во влезот од ресторан во атинската населба Неа Еритреа, јавија грчките медиуми.
Според полицијата, во експлозијата нема ранети, туку само е предизвикана материјална штета како врз ресторанот, така и врз пет паркирани автомобили во непосредната близина.
Полицијата отвори истрага за инцидентот.
Ова е втора експлозија за два месеца во ресторанот „Ла скала“, откако на 15 мај моќна експлозија на истото место предизвика материјална штета врз зградата, шест автомобили и еден мотоцикл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.