Ноќва околу 02,00 часот, движејќи се по улица „ЈНА“ во Тетово, 45-годишниот тетовец Ќ.Р.(45) забележал паркирано возило од кое излегле неколку маскирани лица, кои физички го нападнале.
Дел од нив вооружени со автоматски пушки, а еден со палка. Според кажување на оштетениот едно од лицата испукал неколку куршуми кон него, но не го погодиле, по што сторителите го напуштиле местото на настанот.
На оштетениот му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени и подигнати се две празни чаури од автоматска пушка, еден неиспукан куршум и проектил. Од пукањето, оштетени се и две паркирани возила.
Се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.