| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ уште една година во Атланта

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ кој минатата година стана првиот Македонец што заиграл во НБА лигата и следната сезона ќе настапува за Атланта, потврдија од клубот.

Антиќ со Атланта имаше договор година плус година, односно втората година не му беше загарантира, но добрите игри беа препорака клубот да го задржи и за сезоната 2014/15.

Крилниот центар ќе има годишна плата од 1,25 милиони долари. Учинокот на Антиќ во 50. настапи од дебитантската сезона (2013/14) во НБА лигата е од седум поени, 4,2 скокови и 1,2 асистенции за 18,5 минути по натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top