Се санира свлечиштето на рагионалниот пат на Пелистер, под детското летувалиште, каде што коловозот е небезбеден и опасен за превоз со автобуси. Според обемниот зафат, се санираат и подземните води што се појавија на оваа делница. Санацијата почна по неколкугодишни реакции на туроператорите. Според изведувачот ГП „Гранит“, се планира санацијата да заврши за три месеци.За Националниот парк „Пелистер“, свлечиштето беше рак-рана и инфраструктурален хендикеп што траеше подого време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


