Холандскиот одбранбен играч Рон Влаар одигра одлично во полуфиналето против Аргентина, но добрата партија ја засени утнатиот пенал. Но, дали Влаар утна?
Се појави видеоснимка која за многумина јасно покажува дека топката, сепак, завршила зад гол-линијата откако Ромеро тргна да го прославува одбранетиот пенал. Според правилата, додека топката се движи, упатениот удар се уште важи.
Сепак, други тврдат дека правило при изведувањето пенали е дека шутот завршува штом топката од голманот или стативата се одбие од голот, а не кон голот. Исто така, не се гледа добро дали Влаар ја добре топката по утнувањето или не.


