| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица Македонци повредени во сообраќајка во Бугарија

несрека

Четворица македонски државјани се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне, на меѓународниот пат Е-75, во близина на Благоевград.
Според пишувањата на бугарските медиуми, македонскиот државјанин Д.Ш. (44) се обидел да претекне возило коешто се движело пред него, но во обид да го избегне возилото коешто наидувало од спротивната насока, излетал од патот и удрил во дрво.
Од МНР го потврдуваат настанот и според инфомарциите оттаму тие се во постојан контакт со нашата амбасада во Софија, односно со надлежните бугарски институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top