| четврток, 6 декември 2018 |

Поради топлото време, се поставуваат пунктови за заштита

пуктови-520x357

Поради топлото време, се поставуваат бесплатни пунктови за превентивни прегледи и совети за превенција од топлото време. Ова го организира Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом – Скопје и останатите здравствени домови во државата.

– Сите здравствени домови се веќе информирани дека во рамки на програмата „Здравје за сите“, почнувајќи од 10 јули, треба да почнат со организирање пункт за бесплатни превентивни прегледи и совети за превенција од топлото време – рече министерот за здравство Никола Тодоров.
Здравствените домови во секој град ќе организираат по една акција за бесплатни превентивни прегледи дневно, додека на територијата на град Скопје секојдневно, почнувајќи од денеска попладне, ќе бидат поставени три пункта, и тоа на прометни локации низ градовите, како што се парковите и плоштадите.
Прегледите ќе се вршат секој ден, вклучувајќи и сабота и недела (освен празник) во периодот од 18.30 до 21.30 часот, во вкупно 33 градa низ Републиката, и тоа: Скопје, Велес, Крушево, Куманово, Радовиш, Прилеп, Неготино, Пробиштип, Ресен, Виница, Берово, Демир Хисар, Пехчево, Кратово, Охрид, Делчево, Кочани, Гостивар, Маврово, Ростуше, Струга, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Македонски Брод, Кичево, Тетово, Свети Николе, Вевчани, Штип, Валандово, Дебар, Битола, Крива Паланка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top