| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен фитнес, зумба, аеробик за скопјани

зумба

Град Скопје, во соработка со тренерите од здружението на граѓани „Студио Актива“, со цел подобрување на здравствената состојба на скопјани, како и воведување нова рекреативна содржина во главниот град, на кејот на реката Вардар, ја продолжува  релизацијата  на  проектот „Бесплатен фитнес за граѓаните на Скопје“ под мотото „Вежбаме, здрави сме“.

Само денеска вежбањето ќе се одржи во Градски парк партер 1 – на просторот пред Школка, додека редовните термини во иднина ќе бидат два пати во неделата секоја среда и сабота со почеток од 18:30 часот, на Градската плажа „Парк“.

Сите заинтересирани граѓани на Скопје, во дадените термини, бесплатно ќе можат да вежбаат фитнес, зумба, аеробик и милитари тренинг на кејот до ракометарското игралиште на песок при Градска плажа „Парк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top