По дрските изјави на Самарас за македонскиот јазик, реагираат од македонското Министерство за надворешни работи. Самарас, во Брисел изнесе ставови што се однесуваат на Република Македонија. Тие се одраз на личен демократски капацитет и за прифаќање на различности во модерното европско општество.
Значајно е во овој контекст да се спомне следното:
1.Не е добро политичар од земја-членка на ЕУ да урива столбови на владеење на правото и на демократските принципи.
2. Не е добро да се игнорираат пресуди на Меѓународниот суд на правдата што се однесуваат на кршење на меѓународното право.
3. Најмалку е добро да се поттикнува нетолератност кон разликите преку манипулирачки изјави за непризнавање на посебности на држави, етникуми, јазици и идентитети.
4.Македонскиот јазик е реалност официјално препознаена дури и во Атина, како од периодот пред и помеѓу светските војни, така и во рамки на третата конференција за стандардизација на географски имиња, одржана во Атина во 1977 година.
5. На крај, несоодветно е политичар кој инсистира на солидарност во финансиски контекст, да подзаборава на иста солидарност во демократски контекст, во што секако спаѓа и почитувањето на посебностите и основните човекови права; посочи Лолита Хасани од Секторот за односи со јавност од Министерството за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


