Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Мануел Баросо, во средата во Стразбур порачал дека Европската унија (ЕУ) не треба да им го заврти грбот на земјите од Западен Балкан и да ги затвори своите граници.
Баросо потенцирал дека проширувањето на ЕУ и обединувањето на европскиот континент претставува „едно од најголемите и исклучително достигнување на ЕУ“, пренесува МИА.
„Ќе биде голема грешка зако им го свртиме грбот на земјите од Западен Балкан. Ќе биде грешка ако ги затвориме нашите граници. Го видово напредокот во овие земји, како при мојата последна посета на Албанија, затоа не треба да им го вртиме грбот и да се затвориме“, изјавил Баросо, додавајќи дека Унијата треба да го испочитува договорот со земјите од Западен Балкан, но само доколку овие земји претходно да ги исполнат неопходните услови.
Грчкиот премиер Андонис Самарас пак, во својот биланс за она што било остварено за време на грчкото претседателство, како постигнувања ги преставил напредокот на Албанија и Србија, споменувајќи ја и Турција, но ја изоставил Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.