| четврток, 6 декември 2018 |

Биг бендот на МРТ се враќа со концерт во Сули ан

По 14 години, Биг бендот на МРТ со голем солистички концерт. Перформансот ќе се одржи вечерва, во 21 часот на Ликовната академија во скопски Сули ан, а е дел од програмата на актуелната културна манифестација Скопско лето 2014. Ќе бидат изведени композиции од легендарните Квинси Џоунс, Семи Нестико, Чик Кореа, Тед Џоунс и други автори, а од оркестарот најавуваат дека ова е само почеток на засилената активност која треба да ги врати на патеката на некогашната регионална слава.

-Целта на овој концерт е да се претстави враќањето на оркестарот на музичката сцена во Македонија и пошироко во регионот – ќе забележи Љупчо Мирковски во пресрет на солистичкиот концерт на Биг бендот на Македонската радио-телевизија во Сули ан, на актуелната културна манифестација „Скопско лето“. Диригентот вели дека тој лично особено му се радува на овој настап на ансамблот кој доаѓа по пауза од дури цели 14 години и кој е практично и првиот негов концерт на една голема летна културна манифестација што се одржува во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top