Во осмиот натпреварувачи ден на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон, се случи најголемата сензација во машка конкуренција. Првиот тениски рекет во светот Шпанецот Рафаел Надал беше приморан да му пружи рака и да му ја честита победата на Австралиаенцот Ник Киргиос кој е на 144 место на АТП светската листа.
Тинејџерот успеа да го победи Надал со 3-1 (7-6, 5-7, 7-6, 6-3) во сетови. Мечот траеше три часа и изоблуваше со фантастична борба на двата тенисера и со прекрасни потези на кои со воодушевување се забавуваше публиката.
Младиот австралиец успеа да сервира дури 36 ас удари на еден од најбрзите играчи на денешницата.
Во четвртфиналето Ник Киргиос ќе се сретне со Милош Раониќ кој е осми носител на Вимблдон.
Во женска конкуренција Марија Шарапова беше поразена во осминафиналето од Анжелик Кербер по долга борба со 2-1 (7-6, 4-6, 6-4) во сетови. По елиминацијата на првите две фаворитки Серена Вилијамс и Агњешка Радванска широко и се отворија вратите за освојување на овој турнир на Шарапова, но не успеа во тоа.
Кербер дури по седмата меч топка успеа да го скрши отпорот на русинката и да закаже меч во четвртфиналето против Ежени Бушар.
Во останатите денешни натпревари беа постигнати следните резултати:
Машка конкуренција: Вавринка – Лопез 3-0, Федерер – Робредо 3-0, Раониќ – Нишикори 3-1, Надал – Киргиос 1-3
Женска конкуренција: Халеп – Дијас 2-0, Лисицки – Сведова 2-1, Кербер – Шарапова 2-1, Сафарова – Макарова 2-0, Квитова – Захлавова 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.