| четврток, 6 декември 2018 |

Легенда е Новак Ѓоковиќ, 21. пат едноподруго ќе игра гранслем четвртфинале

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата на играта, а и вечерва потврди дека се работи за екстра класа играч со победа од 3-0 против Жо Вилфрид Цонга во осминафиналето на Вимблдон.

За Новак успехот е мошне значаен и му го обезбеди 21. четвртфинале во серија на гранслем турнирите, нешто што е реткост во машкиот тенис.

Првите два сета против Цонга минаа во апсолутна доминација на Ѓоковиќ, а возбудливо беше во последниот дел од играта. Во третиот сет францускиот тенисер сервираше одлично, дотурка до тај-брејк, но немаше завршница за да го продолжи мечот. При последниот поен се случи интересна ситуација, Новак одлично ретернираше и се израдува на победата, но еден од линиските судии досуди аут. Ѓоковиќ не го слушна па тргна да се поздрави со Цонга, но овој го предупреди дека мечот не е готов.

Српскиот ас побара челенџ, а репетицијата покажа дека бил во право и топчето ја погоди линијата, со што победата му припадна на второрангираниот тенисер на светот. Следен на мегдан на Ѓоковиќ ќе му излезе Хрватот Марин Чилиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top