
Трендот на обрежување на пенисот станува се попопуларен во светот. Дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу модерната машката гордост и „алат“ со вообичаен изглед?
Иако трендот на обрежување сѐ уште не е толку популарен кај нас, факт е дека стана многу популарен ширум светот. И што е уште поважно, се шири со огромна брзина.
А дали воопшто знаете зошто мажите се обрежуваат, со исклучок на веќе познатите верски причини? Која е разликата помеѓу обрежаниот и необрежаниот пенис и со кој тип на машката гордост сексот е подобар?
Неколку факти кои треба да ги знаете.
Изглед:
Необрежан: Необрежаниот пенис изгледа како да има “капа” или како да носи ролка.
Обрежаниот: Главата на обрежаниот пенис потсетува на кацига.
Здравје:
Необрежан: Кај необржаниот пенис особено внимание треба да и се посвети на хигиената.
Обрежаниот: Студијата направена во Африка покажала дека обрежаните хомосексуалци се дури 60 проценти помалку чувствителни на ХИВ и недостигот на кожа значително ја намалува количината на бактерии во тоа подрачје.
Какво е чувството за мажите?
Со оглед на тоа дека обрежувањето се прави додека мажот е бебе, нема значителна сексуална „загуба”. Иако некои тврдат дека обрежаните мажи се помалку сексуално чувствителни, не постои начин да се дознае дали е тоа навистина така.
Какво е чувството за жената?
Многу жени велат дека сексуалното чувство е исто со обрежаниот и необрежаниот пенис, разликата е само во изгледот. Поголемиот број жени велат дека обрежаниот пенис е поубав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


