Седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи вечерва, а ќе се пренесува на Македонската телевизија.
Главната награда во ова ивлекување е стан во скопската населба Аеродром од над 50 квадаратни метри, дуќан во Аеродром и автомобил „пежо 208“ и други бројни награди ваучери од 1.000 денари до 1.000 евра.
Во ова излекување учествуваат сите коверти со по 20 фискални сметки издадени по 15 ноември 2013 година испратени на адресата на Државната лотарија на Макдонија за ова извлекување, како и сите пликоа испратени за учество во наградната игра во претходните извлекувања.
Досега од наградната игра, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.