Келнерите и шанкерите ве набљудуваат од моментот кога ќе влезете во кафулето, се до оние по малку непријатни ситуации кога размислувате дали би требало самите да ја платите сметката, да ја поделите или да му препуштите на партнерот да го направи тоа. Тие знаат и што да прави оној што ќе остане сам на масата, кога девојката ќе отиде во тоалет да си ја поправи шминката.
„Ако лицето со кое сте излегле на состанок сака да ја поделите сметката, прифатете го тоа. Кавалерството е прекрасно, но не можете некого да го присилите така да се однесува бидејќи во спротивно можете да се доведете себеси во непријатна ситуација“, вели еден од американските келнери заGlamour.com.
Тој им порачува на мажите никако да не порачуваат храна наместо девојката. „Ако момчето порача храна или пиење за вас, а претходно да не ве праша што сакате, очекувајте долг и неинтересен состанок. Момци, во ред е да нарачате и за дамата ако претходно сте разговарале со неа за тоа, во спротивно, тоа никако не треба да го правите!“
Совет за девојките во врска со гардеробата: „Да, знам, почна летото и вие имате совршени нозе што сакате да ги покажете во екстремно кратка сукња или фустанче, но имајте на ум дека постои веројатност во кафулето да седнете на висок барски стол, па можете да откриете повеќе отколку што сакате. Бидете свесни каков сигнал испраќате на тој начин.“
Како ќе знаете дека многу зборувате? „Дали веќе го испивте пијалакот, а од другата страна не слушнавте ни еден збор? Да, многу зборувате. Конверзацијата треба да биде како добар секс: учествуваат двете страни!“
Келнерот советува и да внимавате што нарачувате. Црвеното вино може лесно да ви остави привремени дамки на забите, а со одредена храна, како моркови, можете лесно да се извалкате и да изгледате неуредно. Ако не можете да одолеете да ја нарачате омилената храна или пиење, барем на време одете во тоалет за да проверите дали имате „несакани траги“ на себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.