| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави нов сет мерки и проекти

Премиерот Никола Груевски најави интензивно работно лето на Владата најавувајќи нов сет мерки и проекти кои ќе се реализираат во следниот период.

gruevski

Во Дневникот на Македонската радио-телевизија тој истакна дека во јуни и во јули се предвидени многу седници на Влада, нагласувајќи дека само за следната недела се планирани најмалку три седници на кои ќе се разгледуваат мерки за повеќе категории граѓани, како што е подобрувње на проектот „Купи куќа купи стан“, укинување на надоместокот за радиодифузна такса за примателите на социјална помош, бесплатно правење на елаборати за легализација на дивоградби за примателите на социјална помош.

– Следната недела ќе работиме на измена на Законот со којшто треба да се намали каматната стапка за купување куќа или стан од страна на граѓаните од 4,9 отсто колку што беше претходно на 3,95 отсто за првите три години и од 5,5 на 4,44 отсто за по три години – истакна Груевски.

Тој најави и сет мерки за млади лица, меѓу кои е и мерката за вработување на млади лица до 29-годишна возраст, со која работодавачите во првите 12 месеци се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок со обврска да ги задржи уште 12 месеци.

– Веќе 2.122 лица се вработени благодарение на оваа мерка, а не се поминати повеќе од два-три месеци, значи мерката дава одлични резултати – нагласи Груевски.

Во текот на оваа недела, како што нагласи Груевски, ќе биде донесена и одлуката со која се овозможува бесплатен превоз во градските автобуси, на жичарницата на Водно и бесплатен железнички превоз за студентите секој четврток.

Додаде дека ќе биде воведено и бесплатно посетување на државни или општински театри, музеи и кина за студентите, проект кој, исто така, беше ветен во изборната програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top