| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Лекарите што вршат трансплантација ќе добијат дополнителен надомест

Владата ги донесе потребните одлуки за лекарите кои вршат трансплантации, за нив да има посебен додаток за секоја трансплантација во висина на две празнични надоместоци, истакна  претседателот на Владата, Никола Груевски, во вечерашното гостување во Дневникот 2 на МРТ.

-Тие работат исклучително ризична и тешка работа. И особено кога се работи за кадаверични трансплантации, тоа се операции кои може да бидат во сред ноќ, во празник или во викенд. Донесовме одлуки со кои тие ќе имаат посебен додаток и лекарите и помошниот медицински персонал што работи со нив – истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top