| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица е поплавена

poplava-strumicaСтрумица и струмичкиот регион синоќа беа зафатени со обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави во одредени делови од градот. Поплавени се подруми и улици во долниот дел од градот. Од градското комунално претпријатие велат дека се работи на нормализација, но додаваат дека „недовршеноста на одводниот канал и преобилните поројни врнежи и овојпат беа преголеми за инсталираната атмосферска канализација“. Според метеоролозите, времето и денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во попладневните часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top