Репрезентацијата на Чиле ја совлада фаворизираната Шпанија со 2-0, а со тоа му го нанесе вториот пораз на актуелниот светски првак и уште во првата фаза ја испрати „црвената фурија“ дома.
Актуелниот шампиион Шпанија, по завршувањето на првата фаза ќе ги прекине настапите на мундијалот, бидејќи во првиот меч доживеа катастрофален пораз од Холандија (1-5).
Испаѓањето од Мундијалот, веројатно значи крај за една од најдобрите репрезентативни генерации во светскиот фудбал.
Чиле, против Шпанија одигра тактички брилијантен натпревар, особено добро Чилеанците делуваа во првиот дел, во кој играта на Шпанија беше анемична и безидејна.
Храбрата игра на Чиле во првото полувреме беше наградена со два гола, најпрвин Варгас ја круниса колективната кација на тимот во 29.минута, а во финишот на првоот полувреме и Арангуис го освлада Касиљас.
Во второто полувреме Шпанија заигра нешто поорганизирано, но не и доволно напаѓачки за да и створи проблеми на одбраната на Чиле. Шансата на мечот, која натпреварот можеше да го однесе во друга насока ја имаше Бускетс, кога во 55.минута од два метри го промаши целиот гол.
Чиле на 23.јуни, во Сао Паоло, со Холандија ќе се бори за првото место во Б групата, додека Шпанија против Австралија ќе го одигра последниот натпревар на овој Мундијал