| четврток, 6 декември 2018 |

Шетањето поттикнува развој на мозокот

Walking-on-beach
Американските истражувачи открија дека енергичната прошетка трипати неделно го зголемува хипокампусот, важен дел од мозокот што влијае на краткотрајното и долготрајното помнење и ги сортира примените информации.

Инаку, хипокампусот е подрачје во мозокот што прво страда кога некој заболува од Алцхајмерова болест, пишува порталот „Кликс“.

Истражувачите дошле до овој заклучок по експериментот со 120 мажи и жени на возраст од 55 до 80 години, од кои побарале да одат на прошетка со брзо одење 40 минути трипати неделно.

Секако, промените не се веднаш забележливи, туку се случуваат низ неколку години. Но, скенирањето на мозокот кај оние што учествувале во истражувањето за една година покажало дека сепак има промени – кај нив хипокампусот пораснал за 2%.

Исто така, постоела и друга група луѓе што биле замолени за време на таа една година да прават одредени вежби за истегнување и слично, но се покажало дека кај нив истото подрачје на мозокот се намалило за 1,5 %.

Извор: novosti.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top