Франција со убедливи 3-0 над Хондурас го започна Светското првенство. По првото коло во Е групата, Франција и Швајцарија имаат по три бода, Швајарците претходно го победија Еквадор со 2-1 (0-1).
Француската репрезентација против Хондурас лесно стигна до првата победа на Мундијалот.
Откако во првите 25 минути Французите два пати ја подогија рамката од голот на Хондурас, во финишот на полувремето Бензема од пенал го отвори резултатот. Пеналот го направи Паласиос, кој го доби вториот жолт картон и го заврши натпреварот.
Во второто полувреме по ударот на Бензема, топката заврши во голот. Новата технологија го потврди погодокот, но и тоа дека голманот Ваљадарес последен играл со таа топка. Ваљадарес го постигна вториот авто гол на првенството, откако на премиерата Марсело ја погоди сопствената мрежа.
Конечниот резултат го постави Бензема со прецизен удар во 72.минута.