Денеска на Мундијалот се играат три натпревари: Швајцарија – Еквадор (Е група – 18 часот), Франција – Хондурас (Е група – 21 часот) и Аргентина – Босна и Херцеговина (Ф група – 24 часот).
Вчера репрезентацијата на Италија на Светското првенство во Бразил славеше со 2:1 против Англија. На вториот натпревар во групата „Д“ одигран синоќа Костарика со 3:1 го победи Уругвај. Во групата Д по три бодови имаат Италија и Костарика, а без бодови се Англија и Уругвај.
Брегот на Слоновата коска ја победи Јапонија со 2:1. Колумбија ја совлада Грција со 3:0. Во групата Ц, Колумбија и БСК имаат по три бодови, а Јапонија и Грција се без бод.