Во организација на Шаховската федерација на Македонија во Струга започна Државното првенство за млади шахисти.
Ќе се натпреваруваат девојчиња и момчиња на возраст од осум, десет, дванаесет, 14, 16 и осумнаесет години од различни шаховски клубови од Македонија.
– Првенствата ќе се играат по Швајцарски и по Бергеров систем и според правилата на ФИДЕ. Темпо на игра е 90 минути по играч за цела партија, со додаток од 30 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот. соопшти стручниот секретар во Шаховската федерација Иван Кочовски.
Државното првенство ќе трае до 19 јуни. Најуспешните ќе бидат наградени со трофеи, а победниците по категории ќе се стекнат со правото да ја претставуваат Република Македонија на Европското и Светското првенство за млади што ќе се одржи годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.