Незадоволни навивачи извршија хакерски напад врз текстот на „Википедија“ за јапонскиот судија Јуичи Нишимура, кој синоќа, на првиот натпревар од Светското фудбалско првенство во Бразил, досуди сомнителен пенал во корист на домаќинот.
На неговата страница на „Википедија“ како роден град, наместо Токио, стои Сао Пауло.
Подолу во текстот беше додадено дека ФИФА зажалила што воопшто го избрала да суди на натпреварите на мундијалот, токму поради пеналот и дека низ цела Хрватска се палат негови фотографии.

Текстот набргу беше поправен, но не пред хрватските медиуми да го овековечат моментот.

