Користејќи ја експертизата на препознатливите а77 и а700 од „Сони“, моделот а77II им дава на напредните аматери низа возбудливи подобрувања во цврсто водоотпорно куќиште кое е подготвено за секаков предизвик.
Нова генерација на AF систем со откривање на фаза со 79 точки
За прв пат, а77 II се одликува со дури 79 AF точки, вклучувајќи и 15 вкрстени сензори сместени главно во централната област на сензорот, овозможувајќи прецизно и непрекинато автоматско фокусирање.
Тука е и наменската AF точка од F2,8, поставена хоризонтално во центарот на сензорот. Централно поставениот сензор се одликува со отвор на блендата до F2,8, за да овозможи максимална AF прецизност кога се користат објективи со големи решетки. AF системот функционира одлично и при слаба светлина, со прецизно заклучување на фокусот врз предметите во сцените, дури и при услови на ниска осветленост како EV-2 (ISO100).
Без разлика дали обликувате кадар преку визирот или на екранот во режим за прегледување во живо, уникатната технологија на „Сони“ со провидно огледало овозможува остро фокусирање на вашиот предмет без разлика дали фотографирате или снимате видео. Тој нуди одлични перформанси во услови на слаба осветленост, создавајќи кристално јасни слики од објекти во движење при месечева светлина.
Режимот со автоматско фокусирање со заклучување им овозможува на корисниците да изберат еден од четирите режими за AF површина. Штом ја пронајде целта, тој ќе продолжи да го следи фокусот сè додека копчето за блендата е полу-притиснато. Како што предметот се движи или се менува кадарот, фотоапаратот автоматски ги избира најсоодветните AF точки од достапните 79.
Новиот модел нуди нови функции, како AF за очи која прецизно ги забележува и фокусира очите кога фотографирате луѓе. Контролата на AF опсег овозможува ограничување на AF во одреден опсег со 5 AF параметри за времетраење на следењето, за оптимално следење на движењата на објектот.
Exmor CMOS сензор со 24 мегапиксели и поголема чувствителност
Пример за врвната стручност на „Сони“ во однос на фотографските сензори, Exmor CMOS сензорот за слика со 24,3 мегапиксели има исти чипови без простор меѓу леќите како и докажаните модели α7R и α6000, нудејќи 20% поголема чувствителност. Освен беспрекорни детали кај фотографиите, добивате и низок шум со големиот опсег на чувствителност од ISO 100 до ISO 25600. Сензорот со висока резолуција е надополнет со BIONZ X процесор, речиси три пати побрз од претходниот и оптимизиран за α77 II, кој нуди технологии за репродукција на извонредни детали, намалување на шумот во одредени површини и намалување на прекршувањата со кои добивате извонредна резолуција на сликата.
Континуирано фотографирање на 60 слики во серија со целосна резолуција и брзина до 12 fps
Бројот на слики при континуирано фотографирање ги надминува повеќето професионални фотоапарати. Моделот α77 II може да сними серија од 60 слики со целосна резолуција и максимална брзина од приближно 12 слики во секунда.
Гледајте ги нештата на ваш начин со OLED Tru-Finder и LCD екран кој се врти во 3 насоки
Kадрирањето и фокусирањето претставува задоволство со јасниот и светол XGA OLED Tru-Finder со резолуција од 236.000 точки. Со три пати повеќе контраст и детали, верно го прикажува она што ќе биде на конечната фотографија, овозможувајќи ви прецизно да ги прилагодите ефектите од фокусирањето, експозицијата и другите прилагодувања пред да ја притиснете блендата. Исто како и моделот α99, така и α77 II има 3,0-инчен (7,5 см) Xtra Fine LCD екран кој се движи во три насоки за да Ви овозможи неограничена флексибилност.
Контролата е во ваши раце со обемните прилагодени функции
Произлегувајќи од оригиналниот α77, посебните копчиња за контрола, напред и позади на држачот, овозможуваат интуитивно и едноставно подесување на фотоапаратот без да го свртите вниманието од визирот. Богатите опции за прилагодување сега дозволуваат вкупно 51 функција да се распределат на 11 копчиња.
Доволно цврст за сериозни ентузијасти
Цврстото и лесно магнезиумско куќиште на α77 II е дизајнирано за да ги издржи барањата на сериозните ентузијасти во потрага по совршена снимка. Моделот α77 II е одлично заштитен од вода и нечистотии, со изолација околу главните копчиња и вртливите копчиња, дво-слојна заштита на отворите и добро залепени компоненти.
Безжична врска со еден допир и далечинска контрола
Вградениот Wi-Fi дозволува поврзување со еден допир за лесно споделување на снимките со вашата Xperia, Android паметните телефони на кои е овозможено NFC, таблет уредите и VAIO. Со еден допир исто така се активира Smart Remote
Control која го поврзува фото апаратот со вашиот мобилен телефон, што ќе ви помогне да снимате од далечина.
Исто така, достапна е и апликацијата за таблет уредите „α Library”, која е бесплатна за преземање од App Store и Google Play. Апликацијата α Library им овозможува информации и совети на корисниците за снимање во различни ситуации, како и препораки за различни објективи и галантерија за да можат фотографите да ги подобрат своите фотографии.
Покривајќи секакви фокусни должини од широкоаголни до телефото, семејството од 32 објективи со A-приклучок нуди широк избор на креативни алатки за визуелно изразување.
Дигиталниот фото апарат α77 II со заменлив објектив и А-приклучок од „Сони“ ќе биде достапен за продажба во Европа од ова лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.