| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите згрмеа на Нишимура: Ако ова е пенал, одиме да играме кошарка

Хрватите се поразени од Бразил со 1-3 на премиерата од Светското првенство, а по мечот грмеа на судијата Нишимура, кој досуди сомнителен пенал во 71. минута, за комплетен пресврт на домаќинот на мундијалот.

„Ако е ова пенал, тогаш да одиме да играме некој друг спорт, како кошарка. Судијата и буквално не украде. Сите говорат за некаков респект, но вечерва кон нас Нишимура воопшто не покажа такво нешто. Ова беше срамно“, изјави селекторот на „коцкестите“ Нико Ковач.

При резултат 1-1, јапонскиот арбитар покажа на белата точка по еден дуел меѓу Ловрен и Фред, во кој се чини немаше контакт за пенал. Нејмар погоди за 2-1, а во финишот Оскар со уште еден гол ја потврди победата на Бразил. Хрватска поведе со автоголот на Марсело, а Нејмар со првиот од двата гола на натпреварот израмни во првиот дел на 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top