| четврток, 6 декември 2018 |

Матео Ренци без поддршка од неговата левица

mateo renziПлановите за реформи на италијанскиот премиер Матео Ренци  претрпеа сериозен удар кога 13 сенатори од неговата левоцентристичка Демократска партија ја повлекоа својата поддршка за нив во знак на протест. Триесет и деветгодишниот Ренци нема да има мнозинство во Сенатот за да го протурка својот план за реформи, без поддршката на овие 13 сенатори. Тоа ќе го направи исклучително тешко усвојувањето на неговите реформи. Ренци планира да ги укине непосредните избори за членови на Сенатот, ѓто ќе овзможи полесно усвојување на законите. Овој план Ренци го соопшти кога стапи на должноста во февруари. Неговиот планот денеска беше поддржан во комисијата за уставни прашања на Сенатот.

Претходно неделава Ренци од комисијата отстрани двајца опоненти на реформата од неговата Демократска партија. Тоа изроди протест во партиските редови и денеска како одговор на тоа 13 сенатори демократи најавија дека ќе го суспендираат своето членство во парламентарната група, обвинувајќи го Ренци за авторитарно тактизирање, кое е во спротивност со Уставот. Тие изјавија дека бараат отворена расправа со Ренци. Сенаторите не кажаа дали дефинитивно ја напуштаат Демократската партија, па затоа нивните постапки беа примени повеќе како предупредување кон Ренци, отколку како непосредна закана за преживување на неговата Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top