| четврток, 6 декември 2018 |

Лоши вести за љубителите на порно-филмовите

Честото гледање на порнографски филмови ја менува структурата на мозокот одговорна за активирање на чувството на среќа. Со текот на времето, пречестото гледање на филмовите за возрасни станува досадно и се развива потребата за пожестока порно содржина. Кокаинот и видео-игрите го имаат истиот ефект.

Кај мажите кои често гледаат порнографски филмови, системот за наградување во мозокот е многу помал од оние кои тоа го прават ретко или никогаш – велат научниците во списанието „Јама психијатрија“.

Системот за наградување, всушност, е една група на нерви во мозокот, чија улога е да се контролира и регулира нашето однесување, и тоа преку активирањето на чувството на среќа.

Просто кажано, кај овие мажи поради честите „среќни завршетоци“, чувството на среќа едноставно е истрошено – вели Симоне Кун, психолог од Научниот институт на Макс Планк во Берлин и една главните автори на студијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top