Поагресивни и поотпорни комарци ќе не касаат ова лето, предупредија експертите. Поплавите во Србија допрва ќе го имаат својот ефект врз нас.
Овие три едноставни трикови од сајтот „Центар за добро утро“, специјализиран за човечкото здравје, ќе ви помогнат да се спасите од овие досадни инсекти.
Банана
По јадењето на бананата, истријте ги на вашите раце и нозе со внатрешниот дел од кората. Ова ќе ве заштити од комарци.
Лаванда
Комарците не можат да го поднесат мирисот на лаванда. Во маслиново, бадемово или бебешко масло, додадете неколку капки етерично масло од лаванда и намачкајте ја вашата кожа.
Лимон и лимета
Исечете парче лимон или лимета и со него намачкајте го каснатото место, веднаш ќе почувствувате олеснување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


