| четврток, 6 декември 2018 |

Лажни посредници за визи за Канада мамат Македонци

Canada-visa

Се позачестена е појавата на измами на граѓани од лица и агенции кои се претставуваат како посредници и за одреден надомест, што се бара да биде уплатен однапред, нудат помош за побрзо и полесно добивање виза за Квебек, Канада, соопшти денеска Народниот правобранител.

Апелира граѓаните многу внимателно да ги земаат предвид сите огласи на Интернет и понуди за посредување при вадење виза за Квебек, Канада.

За вадење канадска иселеничка виза нема потреба од посредници при поднесување аликации до имиграциските служби на  Квебек, Канада. Исто така, граѓаните нема потреба да се изложуваат на дополнителни трошоци за плаќање надомест на посредниците, укажува Народниот правобранител.

Доколку граѓаните сепак се одлучат да вадат  виза преку посредник, појаснува Омбудсманот, треба да внимаваат и да се осигураат дали лицето или агенцијата кои се претставуваат како посредници за имиграција, се овластени да делуваат како такви од страна на Министерството за имиграција, различност и инклузија на Квебек.

– Сите потребни информации за начинот на аплицирање и добивање на иселеничка виза може да се проверат на веб-страницата на ова Министерство на која секогаш во горниот лев агол се наоѓа логото, и е назначено  „официјална страна на Владата на Квебек“. На оваа веб страница има и примероци од бесплатни формулари за  аплицирање, согласно областите на кандидатите, а сите информации кандидатите може сами да ги  пополнат, соопшти Народниот правобранител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top