ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти преку медиумите дека со ДУИ, како партии кои ја добија најголемата доверба на граѓаните одлучија да формираат ново парламентарно мнозинство. Партиите, согласно своите програмски определби и изборни ветувања одлучија главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции. Преговорите се во самиот финиш и деновиве треба да се завршат целосно во законски утврдениот рок, вели премиерот Никола Груевски во интервју за агенцијата МИА.
На прашањето „кои ќе ви бидат трите работи кои ќе ви се најважниот фокус во новиот мандат“ Груевски вели:
– Прво, привлекување и стимулирње на нови инвестиции со цел отворање на нови работни места со истовремена реализација на крупните капитални проекти во сферата на патната и железничката инфраструктура како и продолжување со реформите и мерките кои ќе значат подигнување на стандардот, подобар живот и економски развој, поефикасно образование, попрофесионално здравство, и посилно земјоделие итн. Второ, максимални напори и посветеност за остварување на стратешките цели поврзани со европските и евроаатланските интеграции, и трето, понатамошно зајкнување на правната држава, на демократијата, човековите права, понатамошни реформи на правосудниот систем, администрцијата како и зајакнување на меѓуетничките односи во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



