| четврток, 6 декември 2018 |

И Русите „престанаа“ да пушат

цигариНовите правила од „Законот против пушење“, предвидени за заштита на населението од димот од тутунот, стапија на сила на 1 јуни, соопшти информативната служба на МВР на Русија. Отсега забрането е пушењето во рестораните, кафе-баровите и на пероните, а цигарите ќе се продаваат само во продавниците.

Според податоците од Министерството за здравство, ограничувањата досега довеле до намалување на потрошувачката на тутун во Русија за 17%. Во 2013 со закон беше забрането пушење во влезовите на зградите, во државните институции, болниците, театрите, музеите, одморалиштата и спортските објекти.

Одредбите на законот етапно стапуваат на сила, а крајниот резултат треба да биде целосна забрана на рекламирањето тутун и производи од тутун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top