Металург вчера организираше прослава со нивните навивачи, кои ја исполнија “Автокоманда“ до последното место, а уште неколку стотици останаа надвор во просторот подготвен за нив.
Најпрво, се одигра ревијалната средба меѓу Металург и Металург Јуниор. Беа одржани пригодни говори на неколку ракометари, на тренерот и на спонзорот.
Како што рече Лино Червар, вчера тие биле едно семејство.
– Но ова семејство не би постоело без главниот виновник, нашиот спонзор Минчо Јорданов, и без неговата несебична поддршка. Најголема благодарност до нашиот спонзор, потенцираше на „чист“ македонски јазик Лино Червар.
-Честитки до моите соиграчи и до раководството на тимот за успешната сезона и за шестата шампионска титула, додаде Димовски.
– Горд сум што Металург е местото каде се создаваат врвни играчи, и што за тренер имаме извонреден и мудар учител како што е Лино Червар. Со одличната и борбена игра сезонава ја освоивме шестата титула, така ќе продолжиме и во следната сезона, порача Минчо Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.














